Претставници на меѓународни организации, интернационални експерти, на централната и локалните власти и специјализирани компании, ќе земат учество на Конференцијата за управување со цврст отпад што денеска и утре ќе се одржи на брегот на Охридското Езеро, во организација на националната асоцијација за цврст отпад.
На конференцијата ќе стане збор за унапредување на управувањето со отпадот во Македонија, можностите за имплементација на светските искуства во регионот и успешно реализираните мали грантови.
Свеченото отворање на конференцијата е вечерва во Св. Софија во Охрид, додека работниот дел ќе се одвива утре во хотелот „Изгрев“ во Струга.
OhridNews