Општините од регионот заеднички ќе се справуваат со отпадот
Како што дознава Ohridnews, регионалната депонија ќе се гради во Струга или Охрид. Во Струга се размислува за две локации, додека во Охрид како можна локација се разгледува просторот позади депонијата за цврст отпад во Мауцкер. Локалните самоуправи уверуват дека регионалната депонија ќе биде од современ карактер и со највисоки стандарди. Отпадот таму ќе се балира и рециклира, а во зависност од технологијата постои можност од него да се произведува и електрична енергија.