Кошаркарите на Охрид ја забележаа јубилејната десетта победа во Втората машка кошаркарска лига, триумфирајќи 86-76 (24-26, 16-13, 20-14, 26-23) во дуелот со Спорт Тим од Неготино.

Гостинските кошаркари на охридскиот клуб кој настапи со комбиниран состав му парираше само едно полувреме. Првата четвртина им припадна на неготинчани, кои обезбедија плус два (26-24). Во вториот квартал, охриѓани се поправија и со 16-13 го свртија резултатот во своја полза.

Третиот и четвртиот квартал помина во знакот на „галебите“. Во третиот период разликата „скокна“ на седум поени, а во решавачките десет минути решени беа сите дилеми, за победа со двоцифрена предност.

Со скор од 10 победи и 3 порази, Охрид е второпласиран на табелата, а во следната рунда гостува во Битола кај тимот на Медика Карта.

OhridNews