Екипите на Охрид и Ренова, утре со почеток во 12 часот односно 14 часот ќе одиграат контролни натпревари со тимот на Мачва Шабац од Србија.

 

Дуелот со српскиот прволигаш за охридските фудбалери ќе биде прва тест средба од почетокот на подготовките, додека „гипсарите“ ќе го одиграат третиот натпревар во подготвителниот период кој го поминуваат во Охрид.

Во досегашниот дел од подготовките Ренова забележа една победа (5-0) над Кораб од Албанија, а претрпе пораз од Лабуништа (1-0). Српскиот клуб Мачва во периодот поминат во нашата земја одигра два контролни натпревари. Во првиот славеше над Караорман со 3-0, додека во вториот ремизираше 1-1 со Пелистер.

OhridNews