Екипите на Охрид и Пелистер успешно ги завршија своите задачи во 7-та рунда од Супер лигата совладувајќи ги Прилеп односно Борец.


Запишувањето на новите бодови им донесе предност од три поени на табелата пред Еурофарм Работник кој одигра нерешено со составот на Радовиш.

На табелата со „фармацефтите“ се израмна Пролет кој го 32-25 го совлада тимот на Работнички.

Интересен дерби меч одиграа младите екипи на Металург и Вардар. Победата им припадна на домаќините со 25-22.

Резултати: Борец – Пелистер 26-29, Радовиш – Еурофарм Работник 34-34, Охрид – Прилеп 28-21, Работнички – Пролет 25-32, Металург 2 – Вардар Јуниор 25-22.

Табела: Охрид 16, Пелистер 16, Еурофарм Работник 13, Пролет 13, Прилеп 12, Металург 2 11, Радовиш 10, Борец 5, Вардар Јуниор 4, Работнички 0.

OhridNews