Охрид и приказната за изработката на охридскиот бисер дел од документарна емисија за Македонија на Руската национална телевизија. Во емисијата опфатени се природните, културни и традиционални вредности, како и туристичките потенцијали на земјата.

Во емисијата Михајло Филев, четврт генерација изработувач на охридски бисер и почесен конзул на Р. Србија во Македонија говори за магичниот Охрид кој блеска со сите свои вредности и има еден посебен и уникатен занает охридскиот бисер со традиција од 100 години која ја негуваат двете семејства Талеви и Филеви со чување на тајната формула за изработка.

Тајната за изработката на охридскиот бисер ја донел во Охрид и ја предал на семејствата еден Руски емигрант кој бега од Октомвриската револуција во 1917 по име Јован Субанович, кој доаѓа од регионот на Бајкалското Езеро во Русија. Сличноста на Охридското и Бајкалското Езеро и истата риба која живее плашица односно крлушка е пресуден фактор во тајната формула. Тоа било предизвик на емигрантот да проба и успеал во 1921 год во Охрид да направи производ охридски бисер кој во денешно време на овај специфичен начин само тука сертифицирано се прави и е препознатлив бренд за Охрид, Македонија и светско културно наследство, вели Филев.

Тоа беше и посебен мотив на рускиот актер, шоумен и водител, а мене посебна чест и задоволство да ја повториме симболично историјата и процесот на изработката на занаетот, како што го направиле тоа мојот прадедо Никола Филев и Рускиот емигрант Јован Субанович во знак нивното огромно пријателство, додава Филев.

OhridNews