На првата седница на УО на ФФМ одржана по враќањето на Хаџиристевски било одлучено Втората македонска фудбалска лига покрај постојните 12 клуба од наредната сезона да биде проширена со уште пет првопласирани клуба од регионалните лиги и тоа: Охрид, Миравци, Нов Милениум, Дрита и Алумина.
Според соопштението кое го лиферуваше ФФМ најверојатно нема да има испаѓање од Втората лига, па така Илинден од Велмеј, Вардар (Неготино) и струшки Караорман би останале второлигаши.
Бараж натпреварот за пополнување на Првата македонска лига помеѓу Силекс и Скопје е регистриран со краен резултат 2-1 за кратовчани со што тие остануваат во македонската елита. Натпреварот Тетекс – Шкендија ќе се преигра.
Во врска со барањето на Иницијативниот одбор за промени за закажување вондредно изборно собрание УО при ФФМ реши истото да го разгледа на следната седница.
М. Постоловски