Почнувајќи од денеска, корисниците на интернет може виртуелно да го истражуваат центарот на Скопје, да шетаат низ Битола или да му се восхитуваат на Охрид, со лансирањето на новата Street View галерија во Македонија.
Од живописните планински слики од Маврово и Ростуша, до прекрасното Охридско Езеро или Камениот мост во Скопје, 360 панорамските слики ги покажуваат некои од најважните туристички и историски локалитети и природните убавини.
Македонците како и луѓето од целиот свет може да прават планови за патување, да ги проверат рестораните пред да пристигнат, да договорат место за средба или само да истражуваат и подобро да се запознаат со областа.
Локалните бизниси, исто така може да имаат корист од Street View технологијата со бесплатно вградување на Google Maps директно во нивниот веб-сајт, помагајќи им да промовираат сместувачки опции или да информираат за рестораните, туристичките места и точки со историско и културно значење.
OhridNews