Македонија не успеа да победи во борбата за добивање на организацијата на Европското првенство во футсал во 2012 година, откако вчера Извршниот комитет на УЕФА реши првенството да го добие Хрватска. Во финалето беа Македонија, Хрватска и Белгија, која се откажа претходно откако нивната понуда беше најскапа – околу 2,4 милиони евра.


Сепак, попусто е тоа што Македонија ја имаше најевтината понуда (1,4 милион евра), кога Хрватска ја доби организацијата и покрај повисоката понуда од половина милион евра. Во Тел Авив, каде што заседаваше извршниот одбор на УЕФА, во прилог на Хрватска оделе и некои други работи, покрај официјалните финансиски понуди, па одлуката во најмала рака може да биде наречена и политички чин.


Инспекцијата на Уефа не му ја додели на Охрид, Македонија организацијата на ЕП

Одлуката за мене е очекувана, зашто со ова УЕФА сака да го амортизира незадоволството кое Хрватска го има откако не ја доби организацијата на Евро 2012 година, кое замина во Полска и во Украина. Ние имавме најевтина понуда, имаме добра инфраструктура и добри сали за организацијата, но Хрватска го доби тоа поради фактот што го загуби истото натпреварување, но во голем фудбал – вели Харалампие Хаџи-Ристески, претседателот на ФФМ.

Континенталниот собир на најдобрите европски футсалци беше второ натпреварување за кое ФФМ се кандидираше и прво кое не го доби, откако пред две години УЕФА ни ја додели организацијата на ЕП за жени до 19 години, првенство кое ќе се одржи летово во Македонија.

Извор “Нова Македонија“
Ohridnews