Креирањето и имплементирањето на заеднички проекти помеѓу Охрид и Корча треба да биде во корелација со регионалните политики и истите треба да имаат позитивни придобивки за граѓаните од меѓуграничниот регион на двете држави. Ова, меѓу другото, е истакнато при денешнатра посета на градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески на Општина Корча, Република Албанија.

Една од главните теми за кои се разговарало на работниот состанок со градоначалникот Сотираќ Фило е  процесот на утврдување на програмата за прекугранична соработка помеѓу С.Македонија и Албанија во рамките на ИПА III програмата на Европската Унија за периодот од 2021 до 2027 година.

На состанокот се разговарало и за потребата од дефинирање на заедничка стратешка визија за развој на општините Охрид и Корча која ќе биде во насока на иден прогрес на прекуграничниот регион.

OhridNews