Градскиот фудбалски клуб Охрид и тренерот Гоце Толески не ја продолжија соработката. Толески имаше договор до полусезоната, која штотуку заврши, но во преговорите со управата на кубот, како што информираат од таму, не бил изнајден заеднички јазик во врска со условите на тренерот за продолжување на соработката.
Толески на жешката клупа на ГФК Охрид го наследи Драган Бочески, кој поднесе оставка по само четири одиграни натпревари во сезоната 2019/20.
Од клубот најавија дека во најбрз можен рок ќе биде решено тренерското прашање пред почетокот на подготовките за пролетниот дел од првенството во кое охридските бели ќе имаат тешка задача да изборат опстанок.
По есенскиот дел од првенството во Втората лига – Запад, ГФК Охрид се наоѓа на 9-то, претпоследно место на табелата.
Мх.П.