Екипата на Работнички која сезонава што измина се бореше за опстанок во елитата од следната треба да биде конкурентен за највисоките места на табелата.


Во клубот кој е најстар во нашата земја големи финансии ќе вложат стопанственици кои и до сега биле дел од спортот.

Предводник на новиот проект ќе биде поранешниот директор на Металург, Ристо Чокрев, а спротски директор ќе биде екс репрезентативецот Ванчо Димовски.

За нов тренер на екипата се споменува Андон Бошкоски, а клубот ќе ги враќа поранешните ракометари кои беа дел од Металург.

Следната сезона во Супер лигата ќе биде најквалитетна до сега во историјата бидејќи сите екипи кои се дел имаат големи амбиции меѓу кои е охридскиот ракометен клуб.

Мх.П.