Никој во Охрид не го почитува Законот за бучавост. Вака се изјаснија 411 посетители на нашиот локален електронски весник одговарајќи на анкетата “Кој создава најмногу бучавост во Охрид”.

Бучавоста во Охрид е поднослива сметаат 331 граѓани или 29 проценти од вкупно изјаснетите по анкетното прашање. 191 гласачи или 17 проценти од анкетираните одговорија дека угостителските објекти со прегласна музика создаваат бучавост, а 166 читатели или 15 проценти тврдат дека најмногу бучавост се создава од големата фрекфенција на автомобили и луѓе.

Според нашите читатели, бродовите и ноќните крстарења најмалку придонесуваат  во зголемувањето на бучавоста.
Информациите од Општинскиот инспекторат говорат дека најголема бучавост во текот на оваа туристичка сезона се создава  во стариот дел на градот, по кејот, како и дел од плажите на крајбрежјето и во туристичките населби.

Инспекторите секојдневно ја мерат јачината на звукот со асистенција на полицијата, а поднесени се и бројни против правни и физички лица. И покрај тоа граќаните, особено тие што живеат во централното градско подрачје се жалат на бучавоста од угостителските објекти особено во вечерните часови. Законот за бучавост за шест години претпрпе 4 измени. Глобата за непочитување е во висина од 5 илјади евра. Охридската локална самоуправа, минатата година одвои 300 илјади денари за мерење на јачината на звукот.

А.Р.