Од синоќа, ЛК Лихнидос ја збогати листата на осветлени објекти во стариот дел од градот. Во рамки на нивниот проект „Охрид – град на светлината”, се изврши осветлување на горната зона на црквата Св. Јован Канео со што се комплетира осветлувањето на црквата, на начин да остава силен впечаток не само од непосредна близина, туку и од дистанца.
Прекрасно осветлена е и Куќата на Христо Узунов и целиот потег на Сараиште, кој треба да биде светол привлечен и вон сезона.
Со новото осветлување црквата Св. Никола Геракомија, сега е воочлива во вечерните часови од двете улици „Самуилова“ и „Коста Абраш“.
Опфатена е и куќата од Крапчеви, најубавиот објект во Охрид и заштитен симбол на нашиот град.
Неодамна, Лајонс Клуб Лихнидос и компанијата “АСП Пак” во заедничка хуманитарна акција набавија и монтираа над 200 нови светилки и помошен материјал, со што беше целосно сменето старото и дотраено осветлување во охридската градинка „Росица”.
OhridNews