Со новата фонтана кај крстосницата во непосредна близина на медицинскиот центар, што денеска свечено беше пуштена во употреба, локалната самоуправа го најави почетокот на проектот „Охрид град на фонтаните“. Водата во фонтаната е од длабочина од педесетина метри, а издашноста е 16 литри во секунда.


Покрај оваа, до крајот на годината ќе се изградат уште дваесет други фонтани на кои веќе се работи, а во 2008 година предвидени се уште триесет нови фонтани.

Со ова локалната самоуправа смета дека на најдобар можен начин ќе се искористат преобилните подземни води на кои лежи градот. Ќе се оплемени просторот, во летните месеци ќе се освежува воздухот, а водите ќе се користат и за наводнување на зелените површини.

Според надлежните, водите од фонтаните нема да го оптоварат колектоскиот систем во Охрид бидејќи, сите ќе бидат пренасочени во дождовната канализација.

Г. Момироски