Второлигашките екипи Охрид и Воска Спорт, утре (сабота), ќе одиграат нови контролни средби во рамките од летните подготовки.
„Рибарите“ силите ќе ги одмерат со Велешта во Велешта, додека Воска Спорт на „Грашница“ ќе го пречека прволигашот Македонија Ѓорче Петров.
Избраниците на Драган Бочески во текот на подготвителните натпревари забележаа една победа, запишаа едно реми и претрпеа еден пораз, а Воска Спорт славеше две победи и еднаш ремизираше.
Утрешните средби се играат во 17 часот и 30 минути.
OhridNews