Безбројните дупки кои го отежнуваат движењето ќе се пополнуваат кога ќе се поправел дефектот во Асфалтната станица во Битола од каде Македонија пат- Охрид го набавува асфалтот. Кога ќе биде отстранет дефектот и дали пред екот на туристичката сезона- не се знае.
Од подружницата во Охрид признаваат дека патот не е во добра состојба и дека е неопходна негова реконструкција и проширување. “ Со оглед на фактот дека во летниот период на овој патен правец дневно минуваат и по 20. 000 или 30. 000 возила, јасно е дека крпењето на дупките не може во голема мера да помогне. Но, за жал поголеми градежни работи на овој потег не се предвидени” , велат од Македонија пат.
Надеж единствено дава најавената изградба на новиот регионален патен правец кон Св. Наум преку планината Галичица. Иако, проектната документација е изработена, конкретни информации за тоа кога би можело да се очекува започнување на реализацијата на овој проект нема.