Втор ден од најдолгиот полициски час во историјата на градот. Охриѓани ја почитуваат 61-часовната забрана за движење. Улиците и шеталиштата во градот се празни, а ретките минувачи или автомобили се движат со специјална дозвола.
И во полициски час охриѓани имаат можнист да набават неопходни производи. Од маркетите кои вршат достава до домовите велат дека имаат полни раце работа. Најмногу се бараат алкохолни пијалаци и слатки производи, велат тие.
Полицискиот час што започна вчера во 16 часот, ќе трае до понеделник во о5 часот утрото.
Г.М.