Охрид го загуби дуелот против екипата на Вардар со 1:0 (0:0)  во натпревар од 19. коло во Втората фудбалска лига на Македонија.

До самиот крај на натпреварот резултатот беше нерешен, Охрид пружи отпор и имаше неколку шанси за погодок.

Решавачкиот момент се случи во 85 минута кога нововлезениот Керим го постигна победничкиот гол за Вардар.

Во следното коло Охрид во градското дерби ја пречекува второпласирана екипа на табелата Воска Спорт, која денеска славеше над Кораб со 2:0 и ја задржа предноста од 5 бода пред Вардар.

OhridNews