Ракометниот клуб Охрид продолжи со задржување на костурот на екипата од минатата сезона, откако потпис на новиот договор стави пивотменот Иван Тасески.
Миленикот на охридската публика е четврти ракометар кој ја продолжува соработката со клубот. Нови договори претходно парафираа капитенот Крсте Андоновски, средниот бек Борче Соколов и голманот Јагош Брауновиќ.
Охрид под водство на новиот тренер Раде Стојановиќ го ангажираше голманот Никола Даниловски, а во план се уште неколку засилувања.
Подготовките за новата сезона Охрид ќе ги започне на почетокот од следниот месец.