Уште едно Европско првенство беше и помина. Охрид требаше да живее за и со кошарката, но охриѓани растрчани кој на автобуска, кој кај чинарон, кој кај банкана по туристи кои годинава и тоа како го заобиколуваат македонскиот бисер, заборавија на 11- те национални селекции од Европа кои допатуваа во Охрид.
Неизбежен е фактот дека и организаторот (КФМ) не посвети доволно (читај ич) внимание на рекламата, но факт е дека и никој од локалната власт не се појави во “Билјанини Изоври“ ако не барем да види како тече Европското првенство кое се игра во Охрид.
“Нели Охрид, не е Париз па и ако нема патокази може човек да ја пронајде салата“. Изостана традиционалниот прием на земјите учесники кај градоначалникот, а никој од Општината не се појави на доделувањето на наградите.
Не сакам така да помислам, но скопјани (КФМ) како да беа оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат во Охрид. Дали едно Европско првенство, било тоа и младинско, заслужи ваков однос од градот домаќин, е прашање на кое некој од надлежните во локалната самоуправа треба да даде одговор.
Денес се одигра третото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојуз на училишен спорт Охрид Се постигнаа следните резултати: Моментална табела после трето...
Бојан Затуроски доби повик за репрезентацијата на Македонија до 19 години, информираат од ГФК Охрид Лихнидос После одличните настапи во пролетниот дел од сезоната Бојан Затуроски заслужено доби пов...
Гоце Ојлески, Наум Костов, Даниел Ѓорѓески, Дејан Кукуловски и Темо Орјоникидзе остануваат верни на ГРК Охрид Ојлески и Ѓорѓески ги продолжија договорите со Охрид до 2027 година, а Костов, Кукуловс...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.