Екипата на Охрид забележа нова победа во подготовките пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Втората фудбалска лига. Попладнево на “Билјанини извори” Охрид го совлада Пелистер со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол беше Оливер Дишлиевски.

ГФК Охрид денеска соопшти дека поранешниот играч и капитен, Ромео Кочоски, ќе биде помошник тренер на шефот на стручниот штаб на “белите”, Александар Толески.

Г.М.