Нема непоразени екипи во Супер лигата, откако Охрид со 31-29 (17-13) го совлада тимот на Металург 2 во четвртата рунда од шампионатот.

Охриѓани до вториот гостински триумф сезонава, инаку трет вкупно сезонава стигнаа во драматична завршницата.

Во последната минута од натпреварот, двете екипи влегоа со идентичен број на постигнати голови (29-29).

Еден гол предност за „гладијаторите“ донесе капитенот Крсте Андоновски кој мечот го заврши со седум погодоци, а печат на триумфот стави Благојче Трајковски со гол од својата половина.

Во листата на стрелци се запишаа уште Дарко Јанев (6 голови), Јовица Младеновски и Марко Кобетиќ (5), Јосип Кежиќ (4), Лазар Адамовиќ (2), Бобан Блажевски (1).

Со оваа победа избраниците на Горан Андоновски го запоседнаа врвот на табелата во Супер лигата пред дерби средбите со Вардар Јуниор во Охрид и со Пелистер во Битола.

OhridNews