Во присуство на голем број верници на градсакиот плоштад во Охрид, денеска  беше одбележан големиот христијански празник Свети Великомаченик Димитрија. По тој повод  на просторот на кој се наоѓа импровизираната црква посветена на овој светец се одржа црковно народен собир, на кој според традицијата беше осветена вода и се сечеше славскиот колач. Празнувањето кое беше збогатено со културно – уметничка програма заврши со ручек што го приреди црковниот одбор од храмот Св. Великомаченик Димитрија.



Празникот Св. Великомаченик Димитрија масовно се одбележува и во охридско, каде во сите православни храмови утрово се одржаа свети архиерејски литургии. Така беше и во Елшани каде голем број верници присуствуваа на празничната богослужба која заврши со света причест.



Празнувањето на Митровден завршува вечерва со традиционалната визита која ја приредуваат славениците кои го носат името на Великомаченикот Димитрија.


Ohridnews