Најголемиот македонски празник – Илинден, со низа свечености се одбележува во Охрид. Делегација на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Александар Петрески, утрово положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на илинденците и втората светска војна во градскиот парк, на градските гробишта и кај Прентов мост. Цвеќе положија и партиски и делегации на граѓански здруженија.
По повод големиот национален празник,
Илинден, во Охрид денеска свечено беа пуштени во употреба улиците: „Момчило Јорданоски“,,
„Даме Груев“, „Партизанска“, „Спас Банџов“, „Дејан Војвода“,
„Бистрица“, и „Хаџи Мустафа“ По тој повод кај новоотвореното детско игралиште во комплексот плаво-бели згради се одржа пригодна свеченост која беше збогатена со културно-уметничка програма.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com