Камен темелници, сечење ленти и свечености го одбележаа годинашниов 11 Октомври во Охрид. Ударнички локалната самоуправа вчера отпочна со реалзиција на неколку инфраструктурни проекти кои според најавите треба да го подобрат живеењето на граѓаните. Во селото Рамне, со пригодна свеченост, беше означен почетокот на изградбата на резервоар за водоснабдување. Проектот вреден 2,1 милиони денари ќе овозможи квалитетно снабдување со вода на околу пет илајди жители. Во Велгошти во употреба беше предадена пешачка патека што ги поврзува горниот и долниот пат кај црквата „Свети Климент“, а во селото Горно Лакочереј со пригодна свеченост во употреба беше ставен патот кој ги поврзува ова и соседното село со селото Лескоец. Во населбата „Грашница“, беше означен почетокот на проектот за регулација на реката „Грашница“ за што од градската касa ќе бидат издвоени 3 милиони денари.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com