Општина Охрид го презеде ротирачкото претседателство со Фондацијата  „Еврорегион Преспа – Охрид“. Примопредавањето се случи на состанокот на координативниот комитет на Фондацијата  што се одржа  во Охрид. Во изминатите шест месеци оваа функција ја имаше општина Прилеп односно градоначалникот, Марјан Ристески, кој симболично му го отстапи претседателското место на охридскиот градоначалник Александар Петрески.


Петрески го презеде претседателството од Ристески

На состанокот во Охрид присуствуваа и градоначалниците на Ресен и Струга, Димитар Бузлески и Размиз Мерко, претставник на општина Битола, како и  директорот на Програмата за ЈИЕ при „Ист-Вест“ Институтот, Роберт Гарнет.На состанокот во Охрид  беше формирано оперативно тело односно Секретаријат на Фондацијата, и беа утврдени начинот на проток и размена на информации меѓу општините од Еврорегионот „Преспа-Охрид“ и програмата за работа во наредниот шестмесечен период во кој претседава охридскиот градоначалник.


од состанокот на општините од Еврорегионот

Еврорегионот „Преспа –Охрид“ во кој влегуваат  општините Охрид, Струга, Ресен, Битола и Прилеп,  е формиран на крајот на минатата година од страна на „Ист-Вест“ Институтот. Седиштето на Фондацијата е во Битола а претседателствувањето е ротационо со мандат од по шест месеци. Целта на формирањето и постоењето на на Фондацијата „Еврорегион Преспа-Охрид“ е да се координираат напорите на општините од регионот за заедничко решавање на прашањата од скоро сите сфери по пат на меѓугранична соработка со регионите од Грција и Албанија.

ohridnews
фото: ohrid.gov