Охридскиот ракометен клуб го претстави најновото засилување Михајло Младеновиќ.
Репрезентативецот на Македонија редовите на Охрид ги засили од Металург. Младеновиќ со Охрид потпиша договор на 18 месеци.
Доведувањето на Младеновиќ, најверојатно, ќе биде единствен трансфер потег на Охрид во зимскиот преоден рок.
Младеновиќ и голманот Никола Даниловски, вчеравечер им се приклучија на „гладијаторите“, кои подготовките под водство на тренерот Раде Стојановиќ ги започнаа на средината од овој месец.
OhridNews