На две кола до крајот потполна неизвесност во Втората фудбалска лига на врвот и дното на табелата.

ГФК Охрид денеска на домашен терен забележа исклучително значајна победа над Кадино 6:2 и го мина на табелата Кораб кој, пак, загуби дома од Гостивар 0:1. Сега Охрид е на 7-то место кое обезбедува опстанок, а Кораб е 8-ми и е во зоната на испаѓање.

Воска Спорт загуби во дерби натпреварот од Вардар 0:1 кој сега е на само 3 бода до второто место кое води во баражот за пласман во Првата лига.

Во следното коло, кое на програмата е на 7 мај Охрид му гостува на Тетекс, а Воска Спорт дома ја пречекува Беса.

Г.М.