Со натпреварите од 30 коло, денеска се спушта завесата во Втората фудбалска.
Во последното коло Охрид на домашен терен ја пречекува екипата на Кожуф.
Во останатите натпревари се среќваат:
Башкими – Тетекс
Беласица – Арсими
Детонит – Караорман
Саса – Вардар Н.
Новаци – Скопје
Осогово- Пелистер
Победа- Беса
Сите средби почнуваат во 17 часот.
На врвот на табелата сите дилеми се разрешени пред последното коло. Беса Добри Дол и Пелистер се нови прволигаши, додека Детонит ќе игра бараж со Вардар. Неизвесност има во борбата за опстанок. Од лигата испаѓа Караорман, додека вториот патник во понизок ранг и учесникот во баражот за опстанок ќе се знаат по одигрување на последното коло. Караорман на дното има 15 бода. Саса е 15-та со 26 бода, Тетекс и Осогово имаат по 27, а Победа 28 бода.
Г.М.