Со низа свечености денеска се одбележува 23-ти Октомври – Денот на Македонската борба.
По повод празникот, делегација на Општина Охрид предводена од секретарот Александар Китески се поклони и положи цвеќе пред спомен обележјата на охридските револуционери во градскиот парк.
Цвеќе положија и охридските пратеници во Собранието на Р. Македонија, делегација од Сојузот на Борци од Охрид и Дебрца и останати претставници од политичкиот и општествениот живот во градов.
OhridNews