Градоначалникот Александар Петрески на средбата со делегацијата од Букурешт ја поздрави формата на соработка помеѓу двете земји а меѓудругото истакна: Општина Охрид и градот Синаја, еден од најголемите туристички центри во Романија имаат потпишано Протокол за соработка ,и на тој начин официјално отворија можност за забрзан развој на повеќе полиња од меѓусебен интерес. Во името на општина Охрид, градоначалникот го истакна задоволството за воспоставување соработка и со други градови од Романија.
На средбата присуствуваше и Амбасадорот на Романија во Македонија Н.Е. Адриан Стефан Константинеску кој го истакна значењето на ваквите регионални, билатерални средби и изрази надеж дека ваквата соработка води кон развој на економијата во двете земји.
Потпреседателот на Регионалната комора со седиште во Охрид, Ружди Муфти истакна дека двете земји треба повеќе да се ангажираат во изнаоѓање на заеднички интереси во користењето на европските фондови наменети за Романија, односно Македонија.
На средбата со делегацијата од Букурешт, Романија присуствуваа компании од Охрид, Битола, Кичево, Дебар, Ресен и Струга.