Фудбалерите на Охрид го одбранија трофејот во Општинскиот фудбалски куп.

На финалниот натпревар “рибарите“ со 2-1 го совладаа четвртолигашот Дебрца од Белчишта.

Охриѓани до вториот последователен трофеј  ги доведе капитенот Маркоски со голот две минути пред последниот судиски свиреж.

Стрелци на двата гола во првиот дел беа фудбалери на Дебрца, но еднаш го погодија својот, а еднаш противничкиот гол.

Охрид со овај триумф се избори за пласман во 1/16 финалето од националниот куп.


М.Постоловски