Со полагање свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците од НОВ, и пригодни свечености, Охрид денеска ќе ја одбележи 66-годишнината од ослободувањето.

Охриѓани денеска им оддаваат почит на оние кои го дадоа животот за слободата на градот и им изразуваат благодарност на оние кои храбро застанаа на браникот на татковината во борбата против фашизмот.

По повод 7-ми Ноември – Денот на ослободувањето , денеска свечено ќе бидат пуштени во употреба неколку реконструирани улици: „Петрино”, „6-та.Бригада”, „130”, „ Будва”, „ Никола Карев”, „Мирче Ацев” и „Лазо Трпоски”,како и  новото детско и  спортското игралиште на ул. „ Карпош Војвода”

ОhridNews