Охрид заедно со уште девет градови во Македонија, денеска, го одбележаа Светскиот ден на физичката активност. Спортскиот хепенинг кој беше исполнет со голем број на спортови поддржан е од Општина Охрид, Агенцијата за млади спорт, Владата и Институт за јавно здравје. Присутните можеа да бидат дел од велосипедска и планинарска тура, пинг понг, Детска атлетика, карате, бокс и теквондо од боречките споротови, аеробик, скејт и едриличарство.
Физичката активност или били кој спорт е многу важен сегмент во животот. Изминатава година кога сме живи сведоци на пандемија на коронавирусот и кога се е затворено, гледаме и сваќаме колку е значајно спортувањето или физичката аткивност. Моја порака е секое слободно време да се искористи за спортување или били која физичка активност, затоа што само така ќе имаме здрава нација, – рече градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Со денешните активности сакаме да го повикаме населението на што поголема физичка активност. Охрид е еден од десетте градови во Македонија кој го одбележува Светскиот ден на физичката активност, Вклучени се разни разни споротови, се со цел охриѓани и дечињата, кои се дел од овој настан а не се клупски активни да се зачленат и започнат спортска кариера, – истакна професорот по Физичка култура и образовени и еден од организаторите, Јоне Станкоски.
OhridNews