По одличната организација на ракометните натпреварувања Охрид во наредната 2009 година ќе биде домаќин на серија кошаркарски првенства.

При неодамнешната посета генералниот секретар на Фиба, Нар Занолин ја истакана потребата од уште еден капителен објект за Охрид да биде домаќин на големо натпреварување. Но затоа пак организајцијата на младите шампионати нема да претставува никаков проблем.


На инагурацијата на старо – новиот преседател на КФМ, Даниел Димески, откри дека Македонија ќе биде домаќин на Европското првенство Б-дивизија за кошаркарки до 20 години. Тој настан ќе се одржи во Охрид, а Македонија ја доби и организацијата на машкото ЕП Б-дивизија за играчи до 20 години.

При посетата на Занолин на Охрид, Димески исто така најави силен кошаркаски трунир во пресрет на ЕП во Полска.

Во распоредот на КФМ е и турнирот во Охрид кој би се одиграл од 14-16 Август. Досега добивме потврден одговор за натпревар со Србија, а во контакт сме и со неколку други репрезентации.

Подготовките на македонската репрезентација и достојно преставување на ЕП во Полска 2009 година се приоритетни цели на преседателот Димески.

Македонија на ЕП е во групата со Израел, Хрватска и Грција

М.П.