Фудбалерите на Охрид експресно им се вратија на победите во контролните мечеви од подготвителниот период, совладувајќи го кичевски Велазерими со 2-0 (2-0).

Разликата во квалитет беше евидетна уште стартот кога охриѓани наметнаа ритам кој тешко го издржуваше гостинот. „Рибарите“ прво се заканаа преку Александар Ѓорѓиески, кој од слободен удар биеше во стативата. Теренската надмоќност „рибарите“ ја капитализираа во втората половина од првото полувреме. Роберт Митев одлично избегна офсајд стапица и во ситуација „еден на еден“ го совлада голманот од Велазерими. На 2-0 зголеми Ѓорѓиески, кој со гол ги круниса соло продорот и асистенцијата на Шериф Реџепи.

За охриѓани ова беше четвртата победа во тест средбите, а генералната проба ќе ја имаат в сабота, на домашен терен против Велешта.

Пролетната полусезона во Втората лига стартува на 27 февруари. Охрид во првата рунда со Кораб од Дебар.

OhridNews