Фудбалерите на Охрид и Сатеска в среда (утре) со почеток во 17 часот на СРЦ „Билјанини Извори“ ќе го одиграат финалниот натпревар во Купот организиран од Општинскиот фудбалски сојуз Охрид.

Во финалето екипата на Сатеска ќе го брани трофејот минатата сезона, додека охридските фудбалери ќе атакуваат на трофејот кој им недостига за совршена сезона.

Екипата на Охрид триумфираше во Третата лига и обезбеди второлигашка промоција, а Сатеска ја исполни зацртаната цел обезбедувајќи опстанок во третолигашкото друштво.

Мечевите помеѓу овие две екипи секогаш изобилуваат со спортска тензија, а исто таков натпревар се очекува и утре кој ќе означи крај на сезоната во охридскиот фудбал.

OhridNews