Охрид од синоќа е побогат за уште еден Лајонс клуб – „Лихнидос“, чие формирање беше официјализирано на гала свеченост што се одржа во х. „Дончо“.
фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ
Членовите на Лајонс клубот „Лихнидос“, инаку истакнати граѓани на Охрид, положија свечена заклетва, со што официјално се приклучија на милионското семејство на лавовите кое има свои клубови во 205 земји во светот. Сите тие работат во интерес на старите, немоќните, сиромашните, хендикепираните, децата, талентите, младите и во интерес на општото добро. Се залагаат за унапредување и заштита на животната средина.
Охрид го доби третиот Лајонс клуб
фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ