Неодамна во Охрид официјално започна со работа Психолошкиот центар SOLUTION.

-Психолошкиот центар SOLUTION, основан е со цел да го подобри менталното здравје на луѓето и да ги промовира психолошко-педагошките знаења во секојдневниот живот. Работиме на личен и професионален развој на поединци и групи преку креирање, организирање и спроведување на советодавни, терапевски и едукативни активности. Активностите се наменети за деца, млади и возрасни. – велат од Психолошкиот центар SOLUTION.

Центарот нуди психолошко советување, услуги од областа на психотерапија и психодијагностика, едукативна програма за личен раст и развој на деца, организациска психологија, обуки и семинари. Исто така се занимава со стручна работа со деца кои имаат развојни проблеми со говорот, љубомора, хиперактивност, агресивност, повлеченост и сл.

Од Центaрот информираат дека веќе е закажан и првиот семинар “МОДЕРЕН НАСТАВНИК“ од областа на НЛП (Неуро Лингвистичко Програмирање) кој ќе се одржи на 26 февруари.

Повеќе информации за функционирањето на центарот и неговите активности можете да добиете преку официјалната Facebook страна, телефон или дирекно во просториите на центарот на бул. Туристичка 28/7, наспроти гимназија. 

OhridNews