Туристичката понуда на Охрид е побогата за уште еден квалитетно уреден сместувачки капацитет – „Охридати Палас“.
Хотелот на улица „Партизанска“ во близина на Факултетот за туризам и угостителство, има нова сопственичка структура, целосно е реновиран и модернно преуреден како во внатрешноста, така и надворешно.
„Охридати Палас“ располага со 29 соби со исклучителен комодитет, внимателно одбрани детали и потребни додатоци. Дел од нив имаат прекрасен поглед на стариот дел на градот.
Хотелот располага со сала за конференци, ресторан за гостите и тераса од отворен тип која е идеална за кафе или состанок.
Хотелот „Охридати Палас“ беше отворен синоќа со пригодна свеченост на која присуствуваа бројни гости, пријатели и личности од јавниот живот во Охрид.
Фото галерија:
Охрид го доби „Охридати Палас“
Г.М.
Фото: А. Момироска
Дрон: Бобан Стојаноски