Добри животни навики, физичка активност, спорт и рекреација е современиот рецепт за здрав живот. Охриѓани сега ќе можат квалитено да го минуваат времето посветено на своето физичко здравје во новиот фитнес и перформанс центар „Fit Box“ кој свечено беше отворен синоќа.

Во овој модерен мултифункционален спортски комплекс лоциран на ул. Егејска бр.6/А, веднаш зад „Бисер“ (хала Отекс), ќе се одржуваат функционални тренинзи и фитнес, а во склоп на центарот ќе работи и боречкиот клуб „Аждер“ кој ќе нуди боречки тренинзи, гимнастика за деца и други спортски дисциплини.

Новиот фитнес и перформанс центар „Fit Box“ располага со модерно уредени простории во елегантен индустриски стил со најнови фитнес справи и спортски реквизити.

Создадовме една нова спортска приказна во Охрид. Приказна која ќе трае и ќе ви овозможи спортски навики за поздрав начин на живот. Создадовме удобни и елегантни простории за секој од Вас да се чувствува пријатно кога тренира, велат од „Fit Box“.

Центарот со тренинзи официјално ќе започне на 1 април, вторник. Ќе биде отворен преку цела недела, со работно време во работните денови од 06 до 22 часот.

OhridNews