Охрид го чествува Свети Климент. Празникот не ги обедини локалните политичари
08.12.10 15:09
Со богослужба во Свети Климентовиот храм Свети Климент и Св. Пантелејмон на Плаошник утрово започнаа чествувањата на патрониот празник на Охрид и заштитникот на МПЦ,. Св. Климент Охридски. Во рамки на свеченостите следбениците на охридскиот чудовторец се поклонija и положија свежо цвеќе на споменикот на Патронот во дворот на основното училиште „Свети Климент Охридски“.
Покрај најмладите , свежо цвеќе положија и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески заедно со делегација на збратимениот град Поградец од Албанија. Делегацијата на владата ја предводеше Мирјана Секулоска заменик министер за информатичко општество, Паско Кузман директор на Управата за заштита на културното наследство, а пред споменикот на светителот на централниот плоштад во Охрид кој го носи неговото име, се поклонија и претставници од Основното Училиште „Св. Климент Охридски“, на истоименото средно училиште, како и претставници на политичките партии.
За жал чествувањето по повод празникот Св. Климент Охридски – Чудотворец, Патронот на Охрид и на Македонската православна црква, ниту оваа година не успеа да ги обедини локалните политичари. Тие денеска заеднички се поклонија пред споменикот на светителот, но остануваат на различните ставови за доделувањето на највисокото општинско признание, наградата Св. Климент Охридски.
Чествувањата по повод празникот Св. Климент Охридски, ќе бидат заокружени со свечена академија, вечерва, на која ќе бидат доделени наградите и повелбите на добитниците на највисокото општинско призание за 2010 година.
Овогодинешни добитници се Здружението на граѓани “Богојавление” , НУ фестивал “Охридско лето” и Велија Рамковски. Двете годинешни повелби се доделуваат на младата поетеса Христина Аслимовска, за неколкуте издадени книги и постхумно на Никола Манески, доајенот на охридското новинарство.
Деновиве се навршуваат 12 години од смртта на познатиот охридски медиумски работник Петар Алексоски (1971 -2013) Смртта го затекна на позицијата директор на техника во телевизија ТВМ Перчо, како шт...
Во периодот од 03 до 11032025 година, отсекот за превенција при СВР Охрид реализира повеќе едукативни кампањи на подрачјето на Охрид Пред учениците и наставниците од наставничкиот совет при електро...
Донирани компјутери и книги во ООУ „Кочо Рацин“ и ООУ „Дебрца“ од страна на Народната банка на РС Македонија, во соработка со Синдикалната организација на Банката Гувернерката на Народната банка Ан...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.