Голем број верници денеска го посетуваат Светиклиментовиот храм на Плаошник каде традиционално масовно се чествува празникот на големиот светител, заштитник на Охрид и патрон на Македонската православна црква ОА – Св. Климент Охридски Чудотворец.

Свети Климент заедно со Свети Наум Охридски се најистакнатите ученици на Светите браќа Кирил и Методиј.

Во Охрид тие ја основале познатата Охридска книжевна школа наречена и прв словенски универзитет во кој оспособил над 3500 ученици за црковна богослужба.

Паралелно со црковната и педагошката се занимавал и со книжевна и преведувачка дејност. Нему му се припишуваат опширните житија на Кирил и Методиј познати како „Панонски легенди“, најзначајниот извор за проучувањето на животот и делото на солунските браќа.

Напишал и поуки за големите христијански празници , за други празници на апостоли и маченици како и повеќе пофални слова за христијаски светители.

Се упокоил во 916 година и бил закопан во гробот што го ископал со сопствени раце во црквата посветена на Св. Пантелејмон на Плаошник.

.М.