Свеченостите по повод Денот на големиот светец, просветител и заштитник на Охрид и Македонската православна црква, Св. Климент Охридски, продолжуваат и денеска.

Делегации на општината, советот на град  Охрид, на политички партии,  образовни и други институции, претставници на дипломатскиот кор и гости, денеска се поклонија и положија цвеќе пред споменикот на Св. Климент во центарот на Охрид. На свеченоста градоначалникот Стојаноски им врачи признанија на најдобрите ученици на литературниот конкуррс што го распиша градот по повод празникот.