Охриѓани со посебно внимание, но и со гордост го празнуваат споменот на својот патрон Свети Климент Охридски Чудотворец.

Првиот македонски архиепископ, во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа, исто така е најзначајниот средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, црковно,просветно, книжевно и.т.н. тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

По повод празникот утрово во Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник се одржа богослужба со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско – Кичевски и Плаошко – струшки и администратор Австралиски г. Тимотеј. За разлика од други години, бројот на верници кои денеска дојдоа на Плаошник беше значително помал од вообичаено, што се должи на апелите и мерките  за заштита на здравјето.

Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид. Токму затоа градот Охрид, во негова чест, на овој ден ги доделува највисоките општински признанија – Наградата за животно дело и повелбите „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“.

OhridNews