Со низа активности Општина Охрид ќе го одбележи Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
Централна свеченост ќе се одржи во 10 часот со полагање свежо цвеќе пред монументалниот споменик на Св. Кирил и Методиј и доделување награди за најдобрите ученици од општинските основни и средни училишта кои постигнале значајни резултати на регионални, државни и меѓународни натпревари пред споменик на Свети Кирил и Методиј во градскиот парк.
Програмата завршува со концерт, беседа и проекција на документарен филм во црквата Света Софија.
OhridNews