На седницата покрај членовите на советот, градоначалникот и претставници на локалната самоуправа, присуствуваа и преживеани борци од НОВ, делегација на АРМ, пратеници, претставници на политички партии, здруженија и граѓани.
-Денеска им оддаваме почит на оние кои го дадоа животот за слободата на овој вековиот град и им изразуваме благодарност на оние кои храбро застанаа на браникот на татковината во борбата против фашизмот како најголемо зло на дваесетиот век, рече Јаковчески. Осврнувајќи се на минатото, претседателот на Советот истакна дека со растежот на Охрид растеше и гордоста на нашите претходници кои, како што рече, „беа сведоци на развојот на градот од предвоена касаба во современ туристички центар на независна и самостојна Македонија“.
65 години слободен Охрид и исто толку години слободна Македонија се доволен период да посведочат дека сме доволно зрели да чекориме по сопствениот пат и затоа горди на минатото треба да се свртиме напред и да гледаме кон иднината, посочи Јаковчески.