Свеченостите ќе продолжат утре со заедничка акција на ЈП „Охридски Комуналец“ и родителите за уредување на дворот на ОУ “Св. Климент Охридски”. По повод патрониот празник, јавното комунално претпријатие во употреба ќе ги пушти и новите простории за новоформираните јавни претпријатија “ Погребални услуги” и “Гробишта“.
Патрон празник прославува и Детската градинка „Јасна Ристеска“. По тој повод во Центарот за култура ќе се одржи свечена приредба “Свет со многу бои “.
Во рамки на одбележување на празникот во употреба ќе биде пуштено осветлување на игралиштето во населбата Рача, новото улично осветлување на ул “ Васил Стефоски”, а во употреба ќе биде пуштен и новиот училиштен двор и училишно игралиште во ОУ “Братство-единство”- Лескајца.
Во недела, делегации на општината, на Сојузот на борците и други институции и установи ќе положат свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците од НОВ, а одбележувањето на Денот на ослободувањето ќе продолжи со свечености по повод завршување на повеќе инфраструктурни проекти во градот.