11 Октомври, Денот на востанието на Македонскиот народ денеска со низа активности ќе биде одбележан и во Охрид.
Делегација на општината, Сојузот на борците и институции ќе положат цвеќе пред спомен обележјата на народните херои Андон Дуков, Спас Банџов, Петрес Пирузе – Мајски и на Мите Богоески.
Свеченостите ќе продолжат со поставување камен темелник на резервоар за вода во с. Рамне, пуштање на пешачката патека кај црквата Св. Климент во Велгошти, поставување камен темелник за регулација на коритото на реката Грашница и пуштање во употреба на патот од Горно Лакочереј до Лескоец.